Тепачка на паркингот пред Меѓународниот аеродром Скопје

Вчера се случила тепачка меѓу две лица на паркингот пред Меѓународниот аеродром Скопје.

-На 31.05.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје, В.В.(44) од Скопје пријавил дека околу 14.00 часот на паркинг во склоп на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Н.(41) од Скопје, информира МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.