Телото пронајдено пред 5 месеци кај Демир Капија е на исчезнатиот Илија по кого две години се трагаше

Родителите на Илија Лазаревиќ од Демир Капија добиле потврда дека починатото лице пронајдено кон крајот на март годинава во бездна, е нивниот син кој за исчезнат се водеше од април 2021 година.

Неговата мајка Снежана која никогаш не загуби надеж дека синот ќе и се врати здрав и жив дома, објави дека ја добиле тажната вест.

-По две години потрага нашиот син Илија Лазаревиќ од Деми Капија наместо добра и убава вест да слушнам, слушнав тажна вест дека мојот син е најден мртов во Демир Капија на Просек во провалија. Погребот ќе биде утре, во 10 часот ќе биде изложен во капелата, а погребот ќе биде во 11 часот, објави мајката на Илија.

За Фокус таа појаснува дека вчера добиле писмо со сочувство од обвинителството. Било посочено дека со 99 процентна сигурност телото е на Илија. Снежана, иако ја препознале со сопругот облеката на синот, се уште се надева дека ова е само сон, а Илија ќе се врати.