Детали од сообраќајката на автопатот Неготино - Демир Капија: Загина жена од Германија

Жена од Германија загина во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Неготино - Демир Капија.

Според информациите, повредени се и две малолетни сопатнички, исто од Германија.

- Денеска (20.07.2023) во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино - Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи патничко возило „бмв“ со германски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката С.А.(62) од Сојузна Република Германија, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека со телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопшти МВР.