Трагедија: 26-годишна девојка пронајдена почината во куќа во Штип

Тело, на почината 26-годишна девојка од Кавадараци, е пронајдено во куќа во близина на Градската црква „Свети Никола“ во Штип.

Неофицијално, девојката била почината веќе неколку дена, а според првичните информации, таа во куќата живеела под кирија. 

Од СВР Штип повеќе информации најавуваат за во текот на денот, а увидна екипа е на местото каде што е пронајдена починатата девојка.