Семејно насилство во Демир Капија, си го истепала сопругот и детето

Семејно насилство се случило вчера во Демир Капија. Како што соопшти СВР Велес полициски службеници ја лишиле од слобода Е.К (34) откако во семејната куќа ги нападнала нејзиниот 56-годишен сопруг и нивното малолетно дете.

За настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.