Стојкоски: Снегот не не изненади, улиците во Ѓорче Петров се чисти

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски на социјалните мрежи објави дека од утринава екипите на Комуналниот пункт од Ѓорче Петров се на терен и навремено реагираа при новите наноси од снег, при што исчистени беа улиците на повисоките места во нашата општина, односно Кучково, Никиштани и Грачани.

- “Улиците се проодни и сообраќајот се одвива непречено. Екипите и во текот на денот ќе бидат активни и будно ќе ја следат ситуацијата, доколку биде потребно навремено да интервенираат“ напиша Стојкоски.