Стојкоски: Продолжува градежната офанзива во Ѓорче Петров, по 30 години конечно ќе биде уредена и улицата „Шарпланинска“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска пред граѓаните истакна дека ја развива нивната општина во сите сегменти и во сите населени места, потенцирајќи дека буџетските средства се користат максимално во интерес жителите.

- Денеска заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Владо Мисајловски и пратеникот Бојан Стојаноски го означивме стартот на целосна реконструкција на крак во должина од 500 метри кој се поврзува со главната ул. „Шарпланинска“. Повеќе од 30 години воопшто не е интервенирано кај сервисната уличка. Но, затоа што наш приоритет се барањата на граѓаните, веднаш им излеговме во пресрет на жителите на овој дел на у.з.Даме Груев, овозможувајќи им соодветни услови за движење и сообраќање по улицата. Инфраструктурните интервенции остануваат наш фокус. Најавувам нова градежна офанзива на улици и краци во Општина Ѓорче Петров. Ќе бидат опфатени урбаниот и руралниот дел, односно делови од урбаните заедници Дексион и Мирче Ацев, како и населените места Волково, Хром и Никиштани. Ѓорче Петров мора да продолжи да се развива. Наш императив е подадената рака со граѓаните. Ветувањата се реализираат. За модерно, урбано и хумано Ѓорче, напиша на својот Фејсбук профил Стојкоски.