Општина Ѓорче Петров обезбеди новогодишни пакети и прехрамбени производи за штитениците од “Порака“

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денес го посети Центарот за помош на лица со ментален хендикеп “Порака”- Неготино со седиште во Волково каде подели новогодишни пакети со прехрамбени производи.

- “ Овој центар е многу посветен на својата работаЌе работиме заеднички во иднина на повеќе проекти, со акцент на подигнување на свеста за животната средина, менување на навиките за чистотата и едукација за селекција на отпад.  Празниците се можност да подаруваме и да си помагаме. Благодарност до општествено одговорните компании кои ни излегоа во пресрет во однос на донациите кои ги поделивме во центарот, а ние и во иднина ќе бидеме тука за да даваме поддршка на овие луѓе“, напиша Стојкоски.