Стефковски: Попладнево пристигнаа дојави за бомби во 7 училишта во Гази Баба

Градоначалникот Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук информира за пристигнати дојави за бомби во 7 училишта на територија на општина Гази Баба.

Во објавата градоначалникот Стефковски напиша:

- Попладнево во 15:47 часот во општинските основни училишта Наум Наумовски Борче, Крум Тошев, Григор Прличев, Дане Крапчев, Крсте Мисирков, Кирил и Методиј и Наум Охридски се пристигнати дојави за поставени бомби. Од страна на директорите и наставниот персонал, согласно утврдените протоколи е направена евакуација на сите ученици од зградите на училиштата и сите дечиња се на безбедно. Пријавено е до надлежните институции и очекуваме истите согласно своите надлежности да ги проверат пристигнатите дојави, напиша Стефковски.