Стефковски: Ги решивме сите предмети за легализација

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална фејсбук страна, информира дека сите предмети за легализација на бесправно изградените објекти за кои има целосна документација во општината се решени.

Стефковски во објавата посочи дека биле решени 2.500 предмети за легализација во првата година од неговиот мандат.

- Во првата година од мандатот, решивме 2.500 предмети за легализација. Воведовме нова динамика на решавање на предметите за легализација и со гордост можам да кажам дека сите предмети за кои во општината има целосна документација се завршени со донесено решение за легализација. Ги повикувам граѓаните кои сеуште имаат активни предмети во општината да дојдат во Секторот за урбанизам и да ги комплетираат своите предмети со потребните документи. Посебно сум среќен што по долги години чекање, изминатиот период успеавме на многу семејства да им го решиме правниот статус на објектите во кои живеат. Општината е отворена за граѓаните, бидејќи општината е дом на граѓаните, напиша Стефковски