Спасовски потврди: Директниот извршител на грозоморните кривичните дела е лишен од слобода на територија на Турција

Лицето Љ.П. кој е директниот сторител, односно извршител на кривичните дела поврзани со убиство на две лица е лишен од слобода во Турција, ова на вонредната и вечерашната прес конференција го потврди Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Тоа беше последната алка од грозоморниот чин која недостасуваше за целосно завршување на оваа постапка, но и да разобличиме сторителите на кривичните дела која длабоко на потресе“, изјави Спасовски.

Министерот истакна дека за лицето Љ.П. од страна на домашниот Интерпол била распиша т.н. „Црвена потерница“ која била веднаш видлива на сите членки, но освен потерницата МВР имало и билетерална комуникација со земјите.

Спасовски упати посебна благодарност од колегите и министрите од Србија и Турција и Хрватска. Тој се заблагодари на медиумите за професионалното информирање и на колегите во Министерството за внатрешни работи.

„Длабоко посакувам фаќањето на сторителот да оди брзо. Нашето заврши, а постапката за утврдување на притвор е во надлежност на Министерството на правда“, информираше Спасовски.