Ако дале оставки не им следи апанажа - По кој закон се повикале Ковачевски и Спасовски?

Ова е прашањето што се поставува откако во јавноста се дозна дека поранешниот премиер Димитар Ковачевски и поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесоа барање за апанажа кое експресно им е одобрено. Дилемите за ваквото прашања е одлуката на Уставниот суд од пред речиси една година каде судиите едногласно го укинаа членот 22 во кој се вели дека:  “Функционерите, пратениците и раководните лица коишто дале оставка или биле предвреме разрешени од функцијата, ги имаат истите права како и сите останати функционери, меѓу кои е и правото на апанажа “.

Тоа значи дека оние функционери, пратеници, коишто дале оставка пред истекот на мандатот или пак биле разрешени, во иднина нема да можат да добиваат апанажа која може да трае од три месеци па до една година. Во овој случај, Ковачевски и Спасовски си дадоа оставки од своите позиции.

Уставниот суд сметал дека оваа одредба не е во согласност со владеењето на правото, коешто е една од темелните вредности на уставниот поредок и е предвидено во членот 8 во Уставот. Исто така според судот, овој член  нема уставна оправданост. 

- “Судот го зема предвид фактот дека до оставка или до разрешување доаѓа поради некаков вид на одговорност поради вршењето на доверената функција и според судот, оставката или разрешувањето и добивањето на паричниот надоместок се две работи коишто се неспоиви, поради што се укинува одредбата“, кажаа тогаш од Уставниот Суд 

Оваа иницијатива беше поднесена од адвокатот од Струја, Григорие Ќатоски кој тогаш имал оспорено дури седум одредби од Законот за плати и надоместоци за избрани и именувани лица. Но Уставниот суд во декекември 2022 година од сите овие седум одредби искажа сомнеж дека е неуставен само членот 22 кој се однесува на апанажите за функционерите коишто се разрешени или си дале оставки. Од тука е нејасно според кој член за апанажа се повикале Спасовски и Ковачевски ако тој член е укинат од страна на Уставниот суд пред речиси 1 година.