Ковачевски и Спасовски цела година ќе добиваат по 2.500 евра месечно

Комисијата за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Димитар Ковачевски и Оливер Спасовски да добиваат апанажа во период од една година.

Тоа значи дека двајцата во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по 2.500 евра месечно.

Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, во согласност со Законот за возила.