Спасовски и Тренчевска на предновогодишно дружење со децата од Јавните установи „25 Мај” и „11 Октомври”

Денеска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со дел од раководството на МВР, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, во Полицискиот центар Ѓорче Петров присуствуваа на предновогодишна дружба со децата штитеници на јавните установи „25 Мај“ и „11 Октомври“.

Припадниците на Одделот за специјални полициски операции приредија забавни активности за децата во кругот на Полицискиот центар, им ги презентираа полициските возила и опремата со кои секојдневно работат и ги запознаа со своите дневни активности, а притоа како нивна долгогодишна традиција, покажувајќи ја и овој пат својата хуманост на дело, ги израдуваа децата со кондиторски производи од својата меренда со лично издвоени средства.

Најголемото воодушевување и радост за децата и присутните беше моментот на слетување на хеликоптерот на Одделот за воздухопловни единици на МВР, со кој пристигна Дедо Мраз и се спушти со јаже за да им подели пригодни подароци.