Ова е здраво, а и вкусно летно јадење.
Модриот домат е одличен извор на антиоксиданти и растителни влакна, а содржи 24 калории на 100 гр. Ако тој е вашиот омилен зеленчук и не ви предизвикува никакви тегоби, тогаш сигурно ќе ви се допадне овој оброк.
Потребни состојки:
1 голем домат
1/4 мала лажичка бибер
1/4 мала лажичка сол
1 шолја рендана моцарела
Масло
Малку лук
Начин на подготовка:
Загрејте ја рерната на 260 °C. Обложете го тавчето со хартија за печење и испрскајте со масло. Исечете го модриот домат на половина и поставете го на хартијата за печење. Додадете сол, бибер и сецкан лук. Печете околу 15 минути.
Потоа извадете го тавчето од рерна, намалете ја температурата и ставете ја одозгора ренданата моцарела. Печете уште 15 минути, додека не добие златна боја, а потоа извадете го од рерна.
Оставете да се оладат, а потоа можете да ги послужите.