Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левицата гласаа сè што Градот и Арсовска предложија

„Коалицијата на власт, каде што сврзна точка е медот, СДС, ДУИ и Левицата гласаа сè што Градот и Арсовска предложија. Гласаа точки кои преку злоупотреба беа прикажани за вонредни, без никакво објаснување за вонредност“, соопшти советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

„Збореа за хаузмајстори, за комунален ред, за паркови и за украсување на градот со знамиња и сè тоа на вонредна седница, без да објасни Арсовска каде е вонредноста.

Евидентно беше договореното сценарио на коалицијата на власт, а најголемата напнатост и тензија беше кога заменик-градоначалникот и ‘висок комесар’ на Арсовска од ГРОМ, Александар Трајановски, говореше за епската битка за сервисот на службените возила на Град Скопје, кои неретко ги употребуваат. Кулминацијата беше достигната од нервозата на десната рака на Арсовска, Ирена Витина, која предано го собираше кворумот за што веројатно следува богата награда со позиција во новата купена партија на Арсовска.

Ваквото фингирано сценарио, надополнето со точките што не беа вонредни, беше спроведено со беспоговорната поддршка од координаторката на СДС, Љубица Јанчева, и групата клиентелисти од Левицата. Ваквата рапсодија говори дека Град Скопје коалицијата на власт го дотера на питачки стап. Жално и тие ќе мора да бидат на купче поразени“, се наведува во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.