Сообраќајна контрола во Скопје - регистриран 141 прекршок

141 мерка изречена на територија на град Скопје, при сообраќајна контрола спроведена во текот на вчерашниот ден (29.09.2022).

Од вкупно 141, 19 санкции се за возење побрзо од дозволената брзина,13 мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), девет мерки за непочитување на првенство на минување, четири санкции за возач почетник, три мерки за прекршоци што ги прават пешаците.

Од МВР информираат дека засилените акциски контроли ќе продолжат и во следниот период, се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.