Сообраќајка помеѓу „ауди“ и „априлија“, повредени возачот на мопедот и уште еден малолетник

Вчера на регионалниот пат Скопје-Куманово во 22:50 часот влез во с.Черкези-кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано до Д.А.(24) од с.Љубодраг-кумановско, и мопед „априлија“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Тромеѓа-кумановско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.