Сончево и потопло време во следните денови

Во следните денови ќе преовладува сончево и потопло време со мала доумерена облачност. До среда ќе дува умерен дозасилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од минус 7 до 2 степени, а дневните од 8 до 16 степени.

Во Скопје утринската температура утре ќе достигне до минус 3 степени, а дневната до 14 степени.

Дневните температури во среда ќе достигнат до 18 степени, во четврток до 20 степени, а во петок до 23 степени, информираат од УХМР.