Сончево и топло време, температури до 29 степени

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 29 степени.

И понатаму ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.