Словенија ги укина ковид-маските

Во Словенија поради подобрата епидемиолошка состојба од денеска, носењето маски во повеќето затворени простори повеќе не е задолжително, но оваа мерка се уште се препорачува кога не е можно да се одржи дистанца, соопшти словенечката влада.

Носењето маски е задолжително во здравствените установи, домовите за стари лица и другите социјални установи. аските во пандемијата беа една од клучните мерки за спречување на ширењето на вирусот, а доколку немаше таква обврска, епидемиолошката слика ќе беше многу полоша во изминатите епидемиски бранови, изјави за медиумите инфектологот Бојана Беовиќ.

Укинувањето на задолжителното носење маски го изгласа Владата поради континуираното подобрување на епидемиолошката состојба во последните недели.