Следниот викенд „Музички блок“ во Младински културен центар

Следниот викенд е резервиран за „МузичкиБлок“ во Младинскиот културен центар. 

Во петок на 05.11.2022, ќе настапат „Kalata“, „Светлост + Odron Ritual Orchestra“ и „3Ject“. Додека во сабота, на 06.11.2022, гостуваат „Roza“ од Србија, „nemanja“ од Хрватска и домашните „21 Vek“

Од Младинскиот културен центар информираат дека бројот на билети е ограничен и дека настаните ќе се реализираат согласно актуелниот протокол за организирање настани во затворен простор.