Скопско секојдневие: Ѓубре околу контејнери, градежен шут насекаде

Во фејсбук-групата Ѕид на комуналниот срам често се објавуваат фотографии и реакции во врска со неправилно одлагање на ѓубре, особено низ Скопје. 

Прашањето што не може да се избегне е дали има малку контејнери во однос на број на домаќинства? Можеби самите луѓе немаат доволна свесност околу правилниот начин на исфрлање на ѓубрето, а можеби и контејнерите не се празнат редовно, па се преполнуваат. 

Ова се само мал дел од фотографиите, само од Скопје, кои се споделуваат во групата, но добра вест е што по вакви реакции, Комуналното претпријатие најчесто излегува на терен, а понекогаш се казнети и сторителите, односно граѓаните кои неправилно одлагаат смет покрај контејнерите: