Скопските пожарникари на терен во Турција, надлежните преговараат за модернизација на нивните единици

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска вчера оствари средба со првиот човек на Дирекцијата на заштита и спасување, Беким Максути на која се разговарало за модернизација на територијалните противпожарни бригади и Секторот за заштита и спасување на Град Скопје.

- Со Дирекцијата и нивните претставници разговаравме за потребите од опремување со нова противпожарна опрема за пожарникарите како и нова опрема за заштита и спасување. Во моменти кога се најпотребни пожарникарите се тука за сите нас, затоа неопходно е да овозможиме соодветни услови за нивно беспрекорно функционирање, истакна Арсовска. 

Инаку деновиве Екипите на Противпожарната единица на градот Скопје веќе се на терен во Газиантеп заедно со останатите спасувачки тимови каде помагаат при извледување на настраданите во земјотресот во Турција.