Скопје заслужува вистински квалитетни реконструкции, а не само турање асфалт и штиклирање - завршено, велат од „На Точак“

Од иницијативата „На Точак“ со јавно прашање -  Можат ли Општина Центар - Скопје и градоначалникот Горан Герасимовски да наведат некој пример/студија на случај од светот каде се менува историска калдрма во централно градско подрачје со изговор: зголемување на безбедноста?!

- Ние можеме да наведеме и конкретни локации, и извадоци од правилници каде се прави обратното: асфалтот се менува со поплочување, со калдрма, со тули, со плочки за да им укаже на возачите дека треба да успорат, дека просторот не е само нивен! Ова е една од главните мерки за безбедноста која се применува во Холандија, во Данска, во Лондон, во Лисабон, Париз, Осло... Улиците кои не се главни сообраќајници имаат поинаков третман и поинаква обработка со материјали! Токму и затоа на ул. Орце Николов подигнатите пешачки премини се поплочени! Или тоа било случаен погодок како треба, а не дел од сустемскиот пристап на Општина Центар? - порачаа ентузијастите за безбеден град. 

Од „На Точак“ имаа и неколку други барања за улицата Столтенбергова.

- Скопје заслужува вистински квалитетни реконструкции, а не само турање асфалт и штиклирање - завршено! - децидни се оттаму.