„На Точак“: Што е реконструирано на улицата Никола Карев?

Откако Град Скопје ја промовираше реконструираната улица Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Кузман Јосифовски Питу до крстосницата со улица Ѓуро Ѓоновиќ, со реакција се јавија од иницијативата „На Точак“ со акцент што не е направена велосипедска патека. 

Прашаа што е реконструирано на улицата Никола Карев?

- Просторот каде се движат колите или целата улица по која се движат и пешаци, велосипедисти, луѓе во инвалидски колички... Оваа реконструкција ќе беше логично да служи за да се изведе безбедна велосипедска инфраструктура која ќе служи како конектор на постоечката од Рута 1 (Гази Баба до Карпош) од Ист Гејт Мол преку мост Беласица со Рута 2 (Аеродром до Ѓорче) кај Железничка и по постоечката по остатокот од улица Никола Карев се до непостоечката на тазе изведената улица Есенинова и по булевар Борис Трајковски, каде е зацртана Рута 3 (Кисела Вода до Ѓорче) од Скопје Велоград, велат од „На Точак“. 

- Изгледа под „модерно“ во програмата „За модерно Скопје“ се мисли тоа што било модерно пред 20 години, а не во моментов, забележаа иронично од иницијативата за вело-град.