Скопје разубавено со есенски цветен расад

Денес екипите на ЈП Паркови и зеленило-Скопје на терен го разубавуваа градот во есенско руво. 

Беа уредено со есенски цветен расад фигурата Штрк во општина Аеродром, Корпата и цветната рундела во реон Бутел и определени површини во Градскиот парк.

Со новите цвеќиња во најразлични бои нека есента биде уште пошарена, порачаа оттаму.

Исто така, од ЈП Паркови и зеленило информираа дека се продолжува со уредување на вегетацијата на кејот на реката Вардар.

- Продолжуваме на потег од пешачкиот мост кај Градски парк, долж десното течение на дел од минор и мајор корито, кон паркот на Франкофонијата. Екипите со соодветна механизација ги косат тревните површини, се сечат избојци, се коси обрасната нискостеблеста вегетација, се чистат косините и ширините од коритото на реката Вардар. Континуираното одржување на кејот на Вардар е во полза на сите граѓани, известија до претпријатието.