Скопје преплавено со фотографиите на Вања

Во Македонија продолжува потрагата по 14-годишната Вања Ѓорчевска, која исчезна во Скопје на пат кон училиштето. Оттогаш таа е изгубена, а полицијата неуморно трага по девојчето. Градот е преплавен со нејзини фотографии, а за исчезнатата Вања јавија и балканските медиуми.

Според описот на полицијата, Вања е висока 175 сантиметри и тешка 58 килограми. Има темнокафеава коса, кафеави очи, носи фиксни протези и има бенка на десната страна од лицето.

Во моментот на исчезнувањето носела сина блуза, црна јакна, црни фармерки со странични џебови и бели патики со кафеави линии.

Девојчето излегло од дома со ранец, а со себе имала „ајфон“.

За многу кратко време телефонот ѝ бил исклучен. Одделението веднаш ја известило мајката дека девојчето не е на час по што таа веднаш го пријавила исчезнувањето во полиција.

Мобилниот телефон на Вања последен пат бил лоциран на „Партизанска“ кај кафе-барот „Броз“. Сепак, вработените во кафулето велат дека не виделе ништо, полицијата им ја зела снимката од камерите.

Како што соопшти МВР, интензивно се работи на пронаоѓање на девојчето. Се проверуваат сите блиски и далечни контакти, како и сите електронски уреди, за да се пронајдат какви било информации, кои би можеле да доведат до исчезнатото девојче.

„Се проверуваат информации, видеоматеријали и се преземаат мерки за расветлување на случајот“, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Тони Ангеловски.

Во потрагата по Вања се вклучија и граѓани, дури и членови на Ловачкото друштво.