„КОД“ со нови детали за убиството на Вања: Киднаперите се пишманиле

Во неделната емисија на КОД, повторно се образложува сличајот со грабнувањето и убивањето на малата Вања и убивањето на велешанецот Жежовски.

Како што се вели во емисијата, грабнувачите на Вања пред да ја грабнуваат, еднаш веќе прошле пред зградата, а грабнувањето го планирале подолго време. Претходно, тие добро ја проучивале рутата по која т реба да се движат, но и паркинг местото каде што чекале да дојде точното време за да ја грабнат Вања. Добро го пронашле мртвиот агол за да не бидат фатени од камерите на „безбеден град“.

Вања првично била однесена во подрумска просторија од која Палевски имал клуч и била негова. Таму и биле врзани рацете и нозете, по што била ставена во вреќа за спиење. 

Цитроенот на велешанецот Жежовски се движел по однапред утврдена рута со брзина на пешак, со што се симулира движењето на Вања до училиште.

Првите снимки како што се наведува во емисијата, доаѓаат од околна менувачница кои биле земени од страна на полицијата.

Грабнувачите имале план грабнувањето да го реализираат порано, на 24 ноември-петок, меѓутоа се предомислиле бидејќи тој ден било многу раздвижено и прометно.

Палевски пак при бегството уште пред официјалната истрага, во Србија преку брз трансфер на пари, добил голема сума на пари од лице од Швајцарија. Палевски ги зел парите и со нив живеел неколку дена во Србија по што стасал до Балибекир, каде еден од соучесниците имал бизнис партнер, се вели во емисијата.