Скопјани го окупираа Охрид - шеталиштето полно со туристи

Корона вирусот и карантинот во главниот град, не ги спречи скопјани за да уживаат и да го искористат продолжениот викенд. Охридската чаршија полна со туристи.

Едни ги почитуваат мерките, едни не. Можат да се видат луѓе без маска, групирани, кои едноставно уживаат во сончевото време. 

Тридневниот полициски час во Скопје го испразни градот, најголем дел од граѓаните го напуштија главниот град иако е најсилно жариште на корона вирусот.

Она што може да се забележи е дека луѓето сакаат да се шетаат, па така рестораните и кафулињата не се толку посетени. 

Инаку, Охрид е меѓу градовите каде викендов на сила е делумен полициски час, односно забраната за двиежење важи од 16 часот попладне до 5 часот наутро.