Силни звуци од стрелба ќе одекнат во Скопје вечерва во 18 часот

Од Генералштабот на АРСМ известуваат дека по повод одбележување на Денот на независноста „8-ми Септември“ во касарна „Илинден“ во Скопје на ден 07.09.2022 година ќе се реализира артилериска почесна стрелба со 6 хаубици 105мм и 10 плотуна.

Стрелбата е во 19:00 часот, а генерална проба со еден плотун ќе се реализира во 18:00 часот.