СИЛНА ЕКСПЛОЗИЈА ВО КУМАНОВО: Искршени се прозорците на повеќе згради

Во зграда на булеварот „Октомвриска револуција" вечерва по 18 часот се слушна силна експлозија. Според првичните сознанија во експлозијата нема повредени лица.

Во зградата со број 1, како и на соседните згради 2 и 3, речиси сите стакла од прозорците се искршени. СВР Куманово во моментов врши увид, а пристигати се и екипи на противпожарна единица и брза помош.