Што покажа досегашниот корона скрининг во училиштата?

Тече втората недела од корона скринигот во училиштата. 

Од првичниот скрининг на средношколци во Куманово, еден ученик од „Наце Буѓони” е позитивен на коронавирус, информираа вчера надлежните од Центарот за јавно здравје Куманово.

Епидемиолозите информираа дека ќе биде направен потврден ПЦР тест и ќе се постапи согласно протоколите за оваа состојба.

На првиот ден тестирани се ученици од прва смена од гимназијата „Гоце Делчев” и од стручните училишта  „Перо Наков” и „Наце Буѓони”. Вчера утрото беа тестирани седум ученици од „Перо Наков”, 20 од гимназијата и 16 ученика од „Наце Буѓони”.

Во Куманово до крајот на неделава со скринингот е планирано да бидат опфатени 730 средношколци и основци за кои родителите дале согласност до 26 октомври годинава, а со скринингот требало да бидат опфатени 1.000 ученици. 

Скринингот во Скопје се одвива во средните училишта, но планирано е да се направи и во основните.

Според здравствените власти предвидено е околу 8 200 ученици да бидат тестирани во рамки на скринингот. 

Токму од резултатите од скринингот ќе зависи и како  понатаму ќе се одвива наставата во училиштата и дали ќе има дополнителни мерки за безбедност и заштита на здравјето на децата во училиштата.