Шилегов за можното уривање и на други споменици: Не би ги преудицирал понатамошните чекори

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вчерашното гостување на телевизија 24 на прашањето дали ќе се уриваат и други споменици од проектот „Скопје 2014“ рече дека соодветната Комисија работи и тој не сака да преудицира.

-Насилното изведување на Скопје 2014 е причината зашто беше воспоставена Комисијата која сега ги преиспитува објектите. Како созреваат состојбите за определените објекти се постапува по тие решенија. Јас ја предупредувам јавноста за опасноста од објектите во коритото во Вардар. Не би ги преудицирал понатамошните чекори, изјави Шилегов.

nike air max 1 sale