Седум причини зошто паметните луѓе тешко наоѓаат партнер

Вистинската љубов е многу тешко да се пронајде. Но, дефинитивно најтешко, според стручњаците, им оди на интелигентните луѓе. Тука се наведени главните 7 причини за тоа:

Не сметаат романтична врска како приоритет
Животот им е и исполнет со различни можности, а често имаат и одлични идеи како да ги остварат своите планови. Повеќе време посветуваат на работа отколку на романтика. 

Побитен им е умот отколку убавината
Иако тоа не е случај секој пат, но често побитна им е внатрешната привлечност. Генерално паметните луѓе имаат „скриена убавина“ која само посебни личности можат да ја увидат. 

Ја сметаат интелигенцијата како своја награда
Интелигенцијата им дава исполнување на луѓето, кое другите луѓе можат да го почувствуваат само доколку се во врска. Нивните достигнувања ги прават исполнети. 

Копаат длабоко
Тоа може да биде проблем кога се работи за запознавање. Склони се на „копање“ во душата на луѓето за да го проценат нивото на интересирање и залагање.

Не избегнуваат проблеми
Во врска, се соочуваат со проблемите и тоа го прават со сигурност и одлучност, проблемот е што голем број луѓе не го сакаат тоа. Паметните луѓе знаат да разликуваат што е исправно а што не, па затоа јасно ставаат на дознаење што не е во ред со односот. 

Понекогаш е тешко да бидат разбрани
Нивниот ум е комплициран и понекогаш е тешко сето тоа да се објасни. 

Често ги пропуштаат суптилните знаци
Нивниот фокус е на големите работи. Значи, често ќе ги пропуштат суптилните знаци на луѓето кои сакаат да им стават на дознаење дека им се допаѓаат.