Се судрија мотоциклист и млад возач - едно лице заврши со тешки повреди

43-годишен мотоциклист е тешко повреден по судир со „пежо“ управувано од 19-годишен возач. 

На 15.08.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Методија Шаторов-Шарло“ со ул.„Пандил Шишков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“, управувано од Ј.О.(19) од Скопје и мотоцикл „пиаџо“, управуван од О.С.(43) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, соопшти полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.