Се судрија „киа“ и мотоциклист, едно младо лице е тешко повредено

Млад скопјанец е тешко повреден во сообраќајка што се случила вчера вечер на една скопска улица. 

Како што соопшти полицијата, вчера во 19.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Иван Хаџиниколов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(51) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(22) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.