Се реконструира улицата која води до Градски стадион

Вадење на откорнатите коцки, чистење на подлогата, бетонирање и повторно враќање на каменот – се санираа ударните дупки на главната сообраќајница пред градскиот стадион во Скопје.

Улицата пред Градскиот стадион е под надлежност на општина Центар.Санацијата на дупките кои беа широки повеќе од еден метар и длабоки 20-тина сантиметри, следи по реакција на Сител по што локалните власти најавиа итна поправка на оштетените делови од сообраќајницата..

Од градот Скопје велат дека одржувањето на улиците околу стадионот е надлежност на Центар, а на оваа сообраќајница локалните власти го наплаќаат и паркирањето. Според Градоначалникот Коце Трајановски, ваквата пракса го намалува бројот на посетители во градскиот парк..

Инаку по оваа улица минуваат најголем дел од возилата за пристап до Градскиот стадион.. Таа ќе биде и главна патека за приод до јужната трибина во време на одржувањето на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунатјтед.