Се реконструира дворот на ОУ „Кирил и Методиј“

Општина Центар работи на реконструкција на дворот во основното општинско училиште „Кирил и Методиј”.

Како што информираат општинските власти, се поставува нов горен и долен строј на површина од 1.060 квадратни метри, а се спроведуваат и други санациски активности за завршување на проектот.

Планираните градежни активности се очекува да бидат завршени кон крајот на месец декември оваа година.