Се облагородува просторот кај Зелен пазар, засадени над 30-тина садници

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски на социјалните мрежи објави дека влезот на Зелениот пазар се облагодарува со над 30 садници.

“Вложуваме во зелените површини и го разубавуваме нашиот Центар. Влезот на Зелен пазар дополнително го облагородивме со 18 зимзелени декоративни садници, 25 зимзелени дрва, 3 јавори. Со новото зеленило, плочникот кај пазарчето доби убав и разигран лик. Продолжуваме да создаваме пријатен и уреден амбиент за жителите на Центар, напиша Герасимовски.