Герасимовски: Работиме на ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зелениот пазар

Општина Центар има засилени акции на Зелен пазар, каде што го расчисти хаосот кој владееше поради дивите препродавачи.

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави дека се работи на ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зелениот пазар.

-Работиме на ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зелениот пазар. Засилените инспекциски контроли даваат резултати, зголемена јавна хигиена и намалување на дивите препродавачи и узурпирање на јавните површини. Продолжуваме со исто темпо. Граѓаните околу Зелениот пазар мора да добијат простор за пешачење и нови зелени површини, најави Герасимовски.