Почна реконструкцијата на плочникот кај Зелен пазар

По акциите на Секторот за инспекциски работи за расчистување на нелегалните препродавачи во околината на Зелениот Пазар, Општина Центар реши да почне реконструкција на плочникот кај пазарот.

-Станува збор за замена на општетените и искршени терацо плочки на околу 500 метри квадратни кои поради дотраеноста довеле до прокиснување во подземните гаражи. Со овој градежен зафат се вадат и сите слоеви до армирано бетонската плоча по што ќе се постави нова хидроизолација, порамнителен слој и нови гранитни плочки.

Плочникот пред Зелениот пазар ќе прерасне во современ простор со подобрена функција и квалитет, зголемена безбедност на движењето на пешаците и одлично место за одмор и рекреација. На просторот строго ќе се забрани поставување на диви пазарџии кои ја нарушуваат пешачката зона узурпирајќи ги јавните површини, најави градоначалникот Горан Герасимовски.