Герасимовски: Акциите на Зелен пазар ќе продолжат, хаосот мора да се среди

Општина Центар во изминатиот период имаше акции на Зелен пазар, каде што го расчисти хаосот кој владееше поради дивите препродавачи.

Градоначалникот на општината, Горан Герасимовски гостуваше во ТВ „Телма“, каде што кажа дека веќе осум дена се одвиваат акциите за решавање на проблемот на Зелен пазар.

- Лоша јавна хигиена, уништување на зеленило, узурпирање на јавниот и подземниот и приватен простор, алкохолизирани лица и напади на жители, оваа слика кај Зелениот пазар мора да се промени. Веќе 8 ден се одвиваат акциите за отстранување на дивите препродавачи и истите ќе продолжат се додека не се сменат навиките. Решавање на проблемите околу Зелениот пазар беше и клучно барање на средбите со граѓаните во декември, посочи Герасимовски.