Санкционирани 70 возачи во населбата Ченто во Скопје

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера во периодот од 10 до 16 часот била спроведена засилена акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на населба Ченто во Скопје.

При контролата, како што посочуваат од МВР, санкционирани се 70 возачи од кои 29 за вградени фолии без А -тест, 10 без возачка дозвола, три за технички неисправни возила, две нерегистрирани и 26 по останати прекршоци.

Од МВР информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.