Санкционирани 187 возачи во Скопје, 29 за брзо возење

На територија на Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за користење мобилен телефон при возење, седум мерки за некористење сигурносен појас.

Од МВР Апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи се со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.