Рекордни 53 илјади македонски граѓани само лани се преселиле во Германија - двојно повеќе од минатата година

Само во 2022 година над 53.000 граѓани на Македонија се преселиле во Германија, речиси двојно повеќе од над 32.000 граѓани што се доселиле во 2021 година во оваа земја, каде според последниот попис од 2022 година живеат 222.000 македонски граѓани, соопштуваат од Институтот за јавна политика „Арбен Џафери“.

Кога,е во прашање работата, најголем дел од нив работат во транспортни компании како возачи, а некои и во фабрики за производство на храна. Жените, освен во фабрики, работат и во ресторани за брза храна, но и како хигиеничарки

Берлин, Штутгарт, Хамбург, Хановер итн. се областите кои се најмногу населени од граѓани на Македонија во Германија.

Официјални податоци за тоа колку македонски граѓани заминале во Германија од почетокот на оваа година сè уште не се објавени, но се претпоставува дека бројките уште повеќе ќе се зголемат.