Околу 2200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Македонија

Околу 2200 лица се пријавиле за работа во Србија преку отворен Балкан. Овој податок го објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој посочи дека најголемиот дел од пријавените се граѓани на Македонија.

Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.

-Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Вучиќ на телевизија Информер.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.