Сè што ни е потребно за овој домашен чипс е сирење, но сепак може да си поиграте и со вашите омилени зачини како и сецкан зеленчук.
Домашниот чипс од сирење е едно од генијалните јадења за кое што не ви се потребни моногу состојки, а најголем проблем во целата приказна е како да запрете да јадете кога еднаш ќе пробате од овој чипс.
Чипсот од сирење е фантастичен додаток во супите, особено за оние кремастите на кои што им дава повеќе вкус.
Доколку сте доволно храбри, можете оваа комбинација да ја пробате и со горко чоколадо.
– 1 шолја пармезан;
– 1 шолја рендана гауда;
– 1/2 лажица чили;
– 1 лажица власец.
1. На плех обложен со хартија за печење распоредете ги тенките слоеви изрендано сирење во кругови, па ставете зачин над нив.
2. Печете во рерна на 200 степени околу 5 минути, односно додека сирењето не се растопи и запече.
3. Извадете од рерна и оставете да се изладат, па одвојте го чипсот од хартијата.
Совет: Чипсот може да го испечете и во тава без масло за јадење.