Рецепт на денот: Зелник од пченкарно брашно, вкус на кој нема да можете да му одолеете

Со помош на овој едноставен рецепт ќе можете да подготвите зелник од пченкарно брашно чиј вкус ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

-500 гр пченкарно брашно

-шолја кисела вода

-шолја јогурт

-шолја масло

-прашок за печиво 100 гр.

-полутврдо масно сирење (кашкавал, едамер или гауда)

-3 јајца

-1 лажичка сол

За филот: 700 гр. зелје шолја јогурт, 1 јајце, 100 гр. презла ,1 лажица, вегета.

За посипување: 50 гр. пржен сусам, 50 гр. рендано сирење.

Подготовка:

Измијте го зелјето. Пропржете го на малку масло и зачинете го со вегета. Измешајте го со презла, јајце и јогурт. Измешајте ги сите состојки за тестото и поделете ја масата на два дела.

Првиот дел од тестото истурете го во тавче со дијаметар од 30 сантиметри и печете приближно 10 минути на 200 степени. Врз полупечената кора истурете го филот со зелје и покријте ја со вториот дел од тестото. Вратете ја во рерна и печете 30 минути на иста температура.

Потоа посипете со сусам и сирење и печете уште 10 минути додека да се растопи кашкавалот. Почекајте да се излади.

„Бон апетит“!