Направете фантастични бургери за кои не ви треба месо, а ќе ја добиете дозата протеини.
Состојки:
- 1 конзерва црвен грав (околу 400 гр)
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- 1 лажичка мелен ким
- 1 лажичка мелен коријандер
- 150 гр свежи печурки
- 1 лажичка сенф
- магдонос
- сушен зачин од билки
- сол, бибер
- масло
Подготовка:
Пропржете го ситно исечканиот кромид на масло околу пет минути додека не омекне.
Потоа додадете го ситно исечканиот лук, па ким и коријандер и пржете мешајќи околу една минута.
Додадете ги шечурките (што е можно поситно исечкани) и пржете околу пет минути додека не испари целата течност.
Исцедете го гравот и изгмечете го со виљушка.
Измешајте ја мешавината од печурки, сол, зачини, бибер, сенф и ситно сечкан магдонос и сè добро измешајте.
Направете плескавици и извалкајте ги во брашно.
Загрејте тава за скара во која сте истуриле малку масло, ставете ги плескавиците и печете ги пет минути на едната страна, па свртете ги полека и од другата страна уште пет минути.
Подгответе ги бургерите по ваш вкус.
На здравје!